Categories
Охрид

ВМРО ДПМНЕ за митингот во Охрид потроши преку половина милион евра- државни пари

Претседателството на ОО на СДСМ извади и копии од дописи за тоа дека 6 дена пред почетокот на изборната кампања министерот за финасии Трајко Славески поделил плати за неколку институции во Охрид.

„Функционерите од актуелната власт ќе одговараат кривично за злупотреба на своите функции“, – опомена  претседателот на ОО на СДСМ,- Томе Чингоски.

Тој изјави дека државните органи и институции во досегашниот тек на изборната кампања со закани и притисоци ги заплашуваат граѓаните се со цел да се соберат повеќе гласови за ВМРО ДПМНЕ. За да покаже дека –како што рече-власта манипулира со народот,-Чингоски извади копии од дописи кои министерот  за финасии Славески ги испраќал до соодветни министерства.

По првата седмица од почетокот на изборната кампања, Чингоски рече дека владечката ВМРО ДПМНЕ го омаловажува сопствениот народ – бидејќи според неговите зборови се работи за енормно трошење на државни пари.

Претседателот на ОО на СДСМ ги спомна и насилставата и инцидентите во западниот регион од државава што се повеќе му  наликувале на овие во Бејрут. Чингоски се посомнева инцидентите  се  – како што рече, смислени сценарија од коалционата власт.

Инаку,охридските социјалдемократи кажаа дека се задоволни од ефектите на нивните предизборни активности при непосредните средби со граѓаните. Утре на градскиот плоштад во 20.30 мин коалицијата за Европа- “ сонце“  ќе го одржи својот централен митинг за 5-тата изборна единица.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *