Categories
Охрид

Бесплатно рекламирање на кандидатите за пратеници

Партиите од утре ќе можат бесплатно да се рекламираат.Тоа можат да го направат на две локации во градов. Доколку се повреди изборниот законик, следуваат санкции.

Општина Охрид ги одреди местата на кои партиите  ќе се рекламираат бесплатно. Станува збор за две локации и тоа,  позади училиштето Григор Прличев и од предната и задната страна на хотелот Палас. Поставени се метални табли на кои  ќе се лепат постери со  кандидатите за пратеници.Ова е само дел од обврските на општините, утврдени со изборниот законик.
Димитрија Вревезоски, правник  во локална самоуправа, вели дека рекламниот простор ќе биде поделен на 12 места колку што има и пратенички листи во 5-тата изборна единица. Секоја партија ќе добие иста површина од бесплатниот рекламен простор.
Во текот на денешниов ден треба да заврши ждребувањето, по што тој ќе може точно да се подели и нумерира. Досегашната пракса покажува дека многупати се узурпирал туѓ простор, поради што биле отстранувани и прелепувани постерите.
Доколку има повреда на изборниот законик изборната комисија е таа која превзема санкции. Според член 78 од изборниот законик,  одредувањето на локациите каде партиите ќе можат бесплатно да се рекламираат,треба да се направи 50 дена пред започнувањето на изборите.  Од денес до 1 јуни има само 23 дена.Бидејќи станува збор за предвремени избори,појаснува Вревезоски овој рок од 50 дена се намалува на 45, а во конкретниов случај и тука се прави отстапка бидеејќи пратеничките листи до пред два дена не беа утврдени.
Од утре па до 29 мај партиите ќе можат бесплатно да го презентираат својот рекламен материјал на погоренаведените локации. Доколку имаат потреба од повеќе простор треба да платат, велат од локалната самоуправа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *