ЗНМ дел од глобалната кампања за промоција на новинарските права

Здружението на новинарите на Македонија и оваа година се приклучува на акцијата „Да станеме за новинарството“, која денеска се организира на глобално ниво од страна на Меѓународната и Европската федерација на новинарите.

ZNM
ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија и оваа година се приклучува на акцијата „Да станеме за новинарството“, која денеска се организира на глобално ниво од страна на Меѓународната и Европската федерација на новинарите.

Со годинешната кампања се потенцираат двете големи кризи во модерното новинарство – социјалната и професионалната, кои длабоко го погодуваат и македонското новинарство. По тој повод, ЗНМ ги повикува новинарите и медиумски работници, точно во 12:00 часот, ДВЕ минути да ја прекинат работата во знак на протест против условите за работа на новинарите, без оглед дали се наоѓаат на терен или во редакција. Редакциите доколку се во можност, се предлага да остават празен екран, со текст.

ZNM„Да станеме за новинарството“ е акција за промоција на новинарските права. Новинарите сe повеќе се соочени со претерана комерцијализација во нивната професија со политички притисоци, опаѓање на стандардот, сиромашни и несоодветни услови за работа и насилни напади, кои често завршуваат и фатално за новинарите, стои во соопштението на ЗНМ.

„И во Македонија новинарството е тешка професија, новинарите имаат несоодветни услови за работа и се подложени на голем ризик при работењето. Затоа македонските новинари уште еднаш го креваат својот глас за да опоменат дека новинарството во Македонија е ризична професија!, се вели во соопштението од ЗНМ.

 

{Loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top