Categories
Македонија

Во чест на затварањето на Олимписките игри ќе биде запален факел и на Галичица

Точно на пладне, на преку 100 планински врвови во Европа Ќе бидат запалени пламени факели или планинарски челни лампи.

Во организација на Интернационалната Унија на Планинарски Федерации, на денот на затворањето на летните олимписки игри во Кина, односно гаснењето на олимпискиот оган во Пекинг, на 24.08.2008 г. (недела) точно на пладне, на преку 100 планински врвови во Европа ќе бидат запалени пламени факели или планинарски челни лампи.

Тим од членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид и планинарското друштво Магаро, Ќе биде дел од оваа активност и во 12:00 ч. во недела, од врвот “Магаро” на планината “Галичица”, од 2250 мнв. Ќе зрачат светлост со што симболички ќе продолжи да свети спортскиот дух за мир во светот.
    
Светлината ќе може да се види и од Охрид и околината.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *