Categories
Македонија

Вечерва затемнување на Месечината

Жителите на Македонија вечерва во периодот од 21:35 до 00:44 часот ќе можат да го набљудуваат затемнувањето на Месечината.

Жителите на Македонија вечерва во периодот од 21:35 до 00:44 часот ќе можат да го набљудуваат затемнувањето на Месечината.
Затемнувањата на Месечината се случуваат кога таа поминува низ сенката што ја фрла Земјата. Во максимумот од затемнувањето, во 23 часот и 10 минути, 81 отсто од дискот на Месечината ќе биде навлезен во Земјината сенка, а останатиот дел во Земјината полусенка.
Скопското астрономско друштво, укажува дека затемнувањето на Месечината е безопасно за набљудување со голо око, преку двоглед или телескоп.
Доколку дозволуваат временските услови, скопските астрономи ќе постават телескопи на плоштадот Македонија низ кои граѓаните ќе можат да го набљудуваат затемнувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *