Categories
Македонија

Светски слависти на Семинарот за македонски јазик

Речиси 100 светски слависти ќе учествуваат на 41. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура што денеска свечено ќе биде отворен  во Конгресен центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид и ќе трае до 28. август.

Речиси 100 светски слависти ќе учествуваат на 41. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура што денеска свечено ќе биде отворен  во Конгресен центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид и ќе трае до 28. август.
    
Покрај стандардната програма, се најавуваат и научни конференции за лингвистика и литература што ќе се одржат на 25. и 26. август во Струга. Во Годината на македонскиот јазик, Семинарот е вклучен и во организирањето на претстојниот Славистички конгрес што ќе се одржи во септември во Охрид.

На семинарот кој ќе трае до 28 август учество ќе земат над слависти од 21 земја. Најмногубројни се славистите од словенските земји, а заинтересираност традиционално има и кај  македонистите од САД, Канада и од западноевропските земји. Меѓу учесниците ќе бидат и академиците Влоѓимјеж Пјанка и Иван Доровски, професорите Волф Ошлис, Маќеј Кавка, Ирена Ставови-Кавка, преведувачката Олга Пањкина од Москва.

Покрај предавањата и  часовите за лекторски вежби, и годинава во рамки на семинарот ќе има преведувачка работилница, предавања на истакнати македонски академици и автори. На  25 и 26 август ќе се одржи и 35. Научна конференција.

Семинарот ќе ја објави и  збирката на македонистички трудови на починатиот академик Франтишек Вацлав Мареш, кој минатата година од претседателот на државата посмртно беше одликуван со Медал за заслуги за Република Македонија, заедно со уште пет слависти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *