Categories
Македонија

Повик од Националниот совет на жените за пријавување на насилството

Националниот совет на жените на Република Македонија (НСЖМ) повикува да се пријавуваат случаите на сексуална злоупотреба и семејно насилство кои стануваат честа појава.

Националниот совет на жените на Република Македонија (НСЖМ) повикува да се пријавуваат случаите на сексуална злоупотреба и семејно насилство кои стануваат честа појава. За пријавување на сите видови насилство е отворена СОС  – Националната мобилна линија 070 141 700, 075 141 700 и 077 141 700.

Со пријавување на насилникот, односно сторителот на злосторството до надлежните институции, тие ќе бидат во можност да покренат кривична постапка за негово соодветно казнување.
Со прекинување на молкот и отворање на проблемот се покажува будност и свесност дека не треба да се дозволува да се трпат злоупотребата и насилството. Со немото следење и несоочувањето со вистината, се прикрива злосторникот, а тоа предизвикува повеќекратни последици за жртвата, соопштија од НСЖМ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *