Categories
Македонија

Стартува системот на референтни цени на лековите

Од денеска стартува системот на референтни цени за сите лекови во примарната здравствена заштита што паѓаат на товар на (ФЗОМ).

Од денеска стартува системот на референтни цени за сите лекови во примарната здравствена заштита што паѓаат на товар на (ФЗОМ).

Согласно системот на референтни цени, Фондот за здравствено осигурување на Македонија ФЗОМ, за секој генерички лек ќе признава одредена сума или т.н. референтна цена, одредена според Правилникот за одредување на референтни цени, која Фондот за сметка на осигуреникот ја надоместува на аптеките. Тоа значи дека откако матичниот лекар ќе им препише одреден генерички лек, осигурениците имаат можност сами да изберат од кој производител ќе го купат лекот, а доколку има разлика од референтната до големопродажната цена на одбраниот лек, сами ја надоместуваат.

Со воведувањето на системот на референтни цени на лековите, согласно европските стандарди и правила, Фондот ги заокружува реформите во примарната здравствена заштита и воведува конкуренција во квалитет и во цена за сите лекови од позитивната листа.

ФЗОМ за примарната здравствена заштита утврди референтни цени на 873 лекови од различни производители за 360 генерици. Ќе бидат обезбедени и прирачници со референтните цени за лековите од примарната здравствена заштита што се на товар на Фондот, кои ќе бидат дистрибуирани до ординациите на избраните лекари и аптеките, каде ќе бидат достапни и за осигурениците. ТВМ контактираше неколку аптеки и матични лекари од Охрид, но од овие најави – денес ништо. Ниту аптеките, ниту матичните лекари, не ги добиле најавените прирачници со референтни цени за лековите, кои се на товар на Фондот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *