Преговарачите во спорот што Грција го има со уставното име на Македонија, Никола Димитров и Адамантиос Василакис, ќе се сретнат со медијаторот Метју Нимиц на 14 и 15 август во Њујорк.

Од канцеларијата на Нимиц информираат дека медијаторот е на одмор, но дека се враќа следниот понеделник.За сега не се знае дали Нимиц ќе одржи одделни консултации со Димитров и Василакис, или ќе има и заедничка средба.Не се исклучува можноста кон крајот на август, или почетокот на септември, Нимиц да го посети регионот и да понуди нов, конкретен предлог за решавање на спорот со името.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: