Categories
Македонија

Спречен влез на 3,5 тона замрзнато месо во Македонија

На граничниот премин Свети Наум, спречен влез на 3,5 тона замрзнато месо со изминат рок на траење, кој бил наменет за македонскиот пазар.

Спречен влез на 3,5 тона замрзнато месо со изминат рок на траење, кој бил наменет за македонскиот пазар. На граничниот премин Свети Наум, на влез во РМ возачот на товарното моторно возило со албански регистарски таблички се обидел да прошверцува месо, пријавувајќи дека наводно во возилото носи 200 картонски кутии, празни и употребувани. По деталниот преглед, во ватрешниот дел наменет за превоз на стока било пронајдено 3.440 кг замрзнато месо и тоа со поминат рок на траење и 50 кг кашкавал. Царинските работници на граничниот премин Свети Наум спречиле влез на стоката во вредност од 293.592 ден. И ова не е единствениот случај, во овој кус период околу велигденските и првомајските празници, царинската управа на Македонија поднесла кривична пројава против наш сограѓанин кој на граничниот премин Богородица, се обидел да внесе одредена количина од скапите алкохолни пијалоци- узо, вотка “Смирнов“, виски “Џек Даниелс“ и “Џони Вокер“.

Во првите 4 месеци од 2008-ма година, царинската управа на Македонија регистрирала рапидно зголемување на обидите да се прошверцува стока посебно од албанска страна. Најоголем број од регистрираните случаеви е на граничниот премин Ќафасан,- бидејќи како што велат од цариската управа на македонија, тоа е најфреквентниот граничен премин, на кој е регистриран голем проток на патници и стока. Од таму кажуваат дека иако во месец март годинава , поднеле само една кривична пријава против лице од Охрид кое избегнало наплата на царински давачки во износ од 123.145 ден, тоа не значи дека се намалиле обидите за шверц на стока. Само во вториот месец од годинава- во месец февруари царинската управа поднела 22 кривични пријави. Бугарски државјанин се обидел стока вредна 18.063 евра со тежина од 13.697 кг, која била наменета за Косово да ја пррмине птеку граничниот премин Ќафасан. Истиот месец двајца охриѓани и еден кумановес се обиделе да пренесат илегално преку граница, возило со разна стока со потекло од Турција. Поради вака евидентно зголемениот број регистрирани случаи од царинската управа на Македонија најавуваат засилени конторли на патничките возила. Велат добро е што последниот обид да се прошверцува 3,5 тони расипано месо беше навреме спречен бидејќи тоа месо ќе завршеше на нечија празнична трпеза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *