Македонското собрание денеска треба да ја одржи седницата за избор на новата влада.
Македонското собрание денеска треба да ја одржи седницата за избор на новата влада, опозицијата најави дека нема да учествува во работата и оти продолжува со бојкот на Парламентот.
Мандаторот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе ја претстави програмата за работа на новата македонска влада, што ја договори со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и нејзините приоритети, меѓу кои како стратешки се посочуваат интеграција во НАТО и ЕУ.
Новата владејачка коалиција има вкупно 82 пратеници, 63 освои ВМРО-ДПМНЕ, 18 -ДУИ и еден ПЕИ. Опозиционата коалиција предводена од СДСМ доби 27 мандати, додека ДПА 11. Претседателот Бранко Црвенковски најави дека ќе присуствува на седницата.