Настапите на македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески во Сиднеј се најавени со билборди што го содржат насловот од Сиетл Тајмс „Најдоброто нешто од Македонија по Александар Велики“.

По  двата концерта во Перт и трите во Мелбурн, Трпчески на 24, 25 и 26 јули ќе настапи и во престижната Опера Хаус во Сиднеј со Концертот број 2 за пијано и оркестар од Камиј Сен-Санс. Трпчески овој пат концертот ќе го изведува со Сиднејскиот симфониски оркестар.

Диригент ќе биде Томас Даусгаард, шеф-диригент на Данскиот национален симфониски оркестар.
На концертот во Мелбурн, Трпчески изведе посебно бис-изненадување за македонците кои се најдоа меѓу публиката „На Струга дуќан да имам“ од Панде Шахов.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: