Categories
Македонија

Седум години Рамковен договор

Денеска се навршуваат седум години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година.

Денеска се навршуваат седум години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година.

Документот по повеќедневно услогласување во Охрид, во Скопје го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери.
Во својство на гаранти, документот кој е познат и како Охридски договор, го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

Професорите на Правниот факултет Владо Поповски и Љубомир Фрчковски кои учествуваа во подготовката на Рамковниот договор, седум години по неговото донесување, оценуваат дека практично стопроцентно се завршени нормативно-правните обврски кои произлегуваат од него, но оти претстои нивна целосна имплементација во пракса.

Седумгодишнината од Рамковниот договор денеска ќе биде одбележана со свеченост во хотелот „Холидеј Ин“ што ќе ја организира владиниот Сектор за спроведување на Договорот. Во соработка со Институтот за политички и интеркултурни студии во „Стоун Бриџ“ ќе се одржи и трибина насловена „Охридскиот договор – искуството, предизвиците и перспективите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *