Рајс, како што јави Гласот на Америка на македонски јазик, кажа дека спорот не треба да биде пречка за членство и воопштено коментираше дека ориентацијата кон НАТО е важна затоа што им помага на земјите да ги разрешат меѓусебните разлики.  

„Нашиот став е дека Македонците треба да бидат примени во НАТО – тоа беше ставот во Букурешт. Надежта е дека спорот околу името сега ќе може да се реши мошне брзо. Разговарав со моите грчки колеги, а и Македонците беа тука во Стејт департментот.  Ова е нешто што не треба да се испречи на патот на приемот на Македонија во НАТО, и на тоа работиме“, рече Рајс.

Таа на конференцијата направи врска меѓу двете теми – Грузија и Македонија. – Една од причините за Акцискиот план за членство во НАТО, и во крајна линија, приемот во Алијансата, е дека тоа им помага на државите да ги надминат долготрајните тешкотии, разлики и судири под закрила на организацијата за колективна безбедност, односно одбранбената организација на демократии, истакна државниот секретар на САД.  
Првиот човек на американската дипломатија потсети дека само пред неколку децении, кога се распадна советската империја, било незамисливо дека ќе се решат разликите меѓу Унгарија и Романија, или пак меѓу Бугарија и Турција, на пример.  Но, рече Рајс, тоа  денес фактички се случува под закрила на НАТО.

Според неа, во Централна и Источна Европа, земјите како Чешката Република, Унгарија, Полска, балтичките земји, потоа Албанија, Хрватска, Македонија и други веќе направиле или вршат транзиција кон трансатлантските институции.  Тоа им овозможува не само да ги разрешат разликите, туку и да имаат причина и мотив за внатрешни реформи и натамошна демократизација.  Од тие причини, Рајс смета дека акциониот план за членство во НАТО е мошне вреден и затоа САД и натаму се залагаат за таков план за Грузија и Украина.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: