Една Белграѓанка загина, а двајца Македонци се повредени во несреќен случај во кампот на музичкиот фестивал Егзит во Нови Сад. Инцидентот се случи кога гранка од дрво паднала врз шаторот во кој биле настраданите.

 Началникот на Ургетната хирургија на Клиничкиот центар во Војводина д-р Зоран Ѓерманов изјави дека со тешки повреди на градниот кош, кои не се опасни по живот се здобил Ѓорѓи Марковски (23) од Прилеп и оти според непотврдените податоци, тешка повреда на главата има Дафина Анастасова (22) од Скопје која е во животна опасност.

По операцијата, според него, таа ќе биде сместена на интензивна нега во Клиничкиот центар Војводина.

– За време на приемот и подготовките за операција, во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Војводина, и по обидот за реанимација, во болницата почина Јелена Матиќ (28), родена во Параќин, која живее во Белград, изјави Ѓерманов

Здравствената состојба на Дафина Анастасова од Скопје, која вчера беше тешко повредена во кампот на фестивалот Егзит во Нови Сад и понатаму е критична, соопштија лекарите од Клиничкиот центар на Војводина. Анастасова вчера попладне е примена во Клиничкиот центар со здобиени тешки повреди на главата, кога поради невремето врз нејзиниот шатор паднала гранка. Во несреќата загина Јелена Матиќ од Параќин, која лекарите не успеале да ја реанимираат. Повреденото момче Ѓорѓе Маркоски од Прилеп е надвор од животна опасност.

Маркоски во текот на вчерашниот ден е префрлен од Ургентниот центар во Нови Сад во Институтот во Сремска Каменица.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: