Categories
Македонија

Отворање на 47. Струшки вечери на поезијата

Со меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, вечер во Домот на поезијата во Струга ќе биде отворен 47. фестивал  Струшки вечери на поезијата, на кој ќе учествуваaт педесет домашни и 70 странски поети од 45 земји во светот.

Со меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, вечер во Домот на поезијата во Струга ќе биде отворен 47. фестивал  Струшки вечери на поезијата, на кој ќе учествуваaт педесет домашни и 70 странски поети од 45 земји во светот.

Добитникот на Златниот венец на годинашното фестивалско издание, албанскиот поет Фатос Арапи,  во Струга  дојде вчера. Тој изјави дека балканските поети со своите стихови градат мозаик кој никој не може да го разнебити, бидејќи така поезијата станува мошне силна.

„Колку повеќе учиме еден за друг, толку повеќе се цениме, осознаваме и се сакаме. Јас во Струга сум како поет, а не како Албанец, зашто поезијата не прави разлика. Јазикот и културата, исто така“, рече Арапи, кому  Златниот венец ќе му биде врачен в недела, на манифестацијата „Мостови“ со која, традиционално, ќе биде затворен  најголемиот поетски фестивал во земјава.

Во негова чест денеска во Паркот на поезијата ќе биде засадено дрво, а книжевниот портрет на лауреатот ќе биде одржан в сабота во црквата „Св. Софија“ во Охрид, со реч на академик Гане Тодоровски.  

По официјалното отворање на Струшките вечери на поезијата вечер, на првиот фестивалски ден, ќе биде содржина  и традиционалната „Ноќ без интерпункција“ за претставување на младата хрватска поетеса Антонија Новаковиќ, која ја доби Наградата на УНЕСКО „Мостовите на Струга“ за најдобар млад поет.

Меѓу настаните на Струшките вечери на поезијата се и симпозиумот „Јазикот, поезијата, идентитетот“, чествување на 100-годишнината од раѓањето на Кочо Рацин, претставување на книгата „Среде“ на Ристо Лазаров, кој ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за 2008 година, поетско читање во предворјето на црквата „Св. Богородица“ во Калишта, излет на учесниците во Св. Наум и меѓународен поетски митинг „Мостови“,  на кој ќе биде врачен Златниот венец и другите награди за оваа година и ќе биде затворен фестивалот.

Традиционалната Вечер на национална поезија оваа година е посветена на Украина, така што ќе биде промовиран избор на современата украинска поезија. Ќе бидат претставени и фестивалските  изданија – книгата поезија на венценосецот Арапи, поетските книги од едицијата „Плејади“, избор македонска поезија „Песна меѓу две лета“.
По завршувањето на СВП, в понеделник поетите ќе учествуваат на манифестацијата „Поезија на пат“ и ќе посетат други градови на Македонија. Во вторник ќе има поетско матине кај Матка и меѓународен поетски митинг во Сули-ан во скопската чаршија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *