Од 1-ви мај нема пари од банка без ажурирани податоци

Од први следниот месец банките и штедилниците ќе ги реализираат услугите за своите клиенти, физички и правни лица,  по пополнување соодветна апликација за идентификација и приложување важечка документација за идентификација.

 |   | 
licna karta
Лична карта

Ohridska bankaОд први следниот месец банките и штедилниците ќе ги реализираат услугите за своите клиенти, физички и правни лица,  по пополнување соодветна апликација за идентификација и приложување важечка документација за идентификација. До спроведување на соодветната идентификацијата, работењето со сметките не ќе може  да се одвива непречено, соопшти Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.

Законската регулатива при воспоствување деловен однос или вршење трансакција предвидува идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот. Тој процес, објаснува Здружението, опфаќа идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот, преку важечка лична карта или пасош за физички лица и тековна состојба не постара од шест месеци за правни лица и пополнување апликација за идентификација/ажурирање на клиент, која во идентична форма се употребува во секоја банка/штедилница.

Податоците што се добиени на тој начин мора да се ажурираат на редовна основа, најмалку на секои две години. Важечката законска регулатива во Македонија предвидува обврска сите банки и штедилници да ја ажурираат базата на своите постојни клиенти со валидни податоци за нивна лична идентификација најдоцна до мај 2012 година,.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top