Categories
Македонија

Нимиц ги продолжува разговорите во Грција

Посредникот на Обединетите нации за разликите околу името Метју Нимиц по посетата на Скопје, денеска во Солун треба да разговора со грчките претставници.

Посредникот на Обединетите нации за разликите околу името Метју Нимиц по посетата на Скопје, денеска во Солун треба да разговора со грчките претставници.
        
Нимиц, според најавите во Солун ќе има средба со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, засега нема потврда дека ќе има средби со грчкиот државен врв.
            
Медијаторот, вчера по разговорите со македонското раководство порача дека не треба да се пропушти шансата да се направи напредок за решавање на проблемот. Нимиц изрази уверување дека и кај Скопје и кај Атина постои желба за надминување на проблемот. На средбите во Скопје станало збор за имињата „Северна” и „Горна” Македонија, при што не се проблематизирал македонскиот идентитет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *