Categories
Македонија

Нашата влада нема да се поднови со мебел

Владата на вчерашната седница донесе одлука со која, на постојните министерства им се забранува купување мебел и нови возила.

Владата на вчерашната седница донесе одлука со која, на постојните министерства им се забранува купување мебел и нови возила.

„Владата на Македонија на вчерашната прва седница заклучи во првата година од нејзиното владеење државните институции, министерствата, агенциите, фондовите, бироата и јавните претпријатија да не набавуваат нови возила и мебел“, се наведува во соопштението од Владата. Оваа одлука, според Владата, нема да важи за новоформираните државни институции.

„Набавки може да се спроведуваат единствено во новоформираните државни институции, но откако ќе се утврди дека не постои можност за употреба на неискористени возила или мебел и по претходна согласност од Владата“, се објаснува во соопштението.

Одлуката на Владата е донесена откако неодамна беше донесен ребалансот на Буџетот за 2008 година, во кој за ставката за мебел, автомобили, опрема и за машини се одвоени повеќе пари.
Од Министерството за финансии објаснуваат дека во оваа ставка не се вбројува само опремата за министерствата. Според нив, овде се вклучени трошоци за компјутери, компјутерска опрема и програми, книги за библиотеките, училиштен мебел, опрема и за мебел за болниците и слично. Дополнително, како што тврдат од Министерството, од парите во оваа ставка се плаќа данокот на додадена вредност за сите странски донации. Од Финансии потенцираат дека единствено од оваа ставка ќе се издвојуваат сретства за опремување на новоотворените министерства, како на пример Министерството за информатика.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *