Categories
Македонија

Признавањето на МПЦ, станува дел од преговорите за името

Признавањето на Македонската православна црква (МПЦ) да биде дел од разговори со Грција за името побарал македонскиот премиер Никола Груевски, од медијаторот на ООН Метју Нимиц.

Признавањето на Македонската православна црква (МПЦ) да биде дел од разговори со Грција за името побарал македонскиот премиер Никола Груевски, од медијаторот на ООН Метју Нимиц.

Македонија ќе се обиде во евентуалното решавање на спорот за името да го вклучи и решавањето на црковниот спор што Македонската православна црква го има со Грчката православна црква. Премиерот Никола Груевски, испратил ново писмо до посредникот Метју Нимиц, чија содржина главно е посветена на односите ГПЦ-МПЦ и во кое бара дел од пакетот решенија да биде и признавање на македонската црква.

„Ве молам, ако е можно, да го вклучите ова прашање во Вашите обиди за решавање на спорот со нашето уставно име, а од неодамна обременето и со повеќе други отворени прашања, и ако Вашите напори резултираат со успех, а имајќи предвид дека покрај името постои расположение од Ваша страна да решите и повеќе други отворени прашања помеѓу Република Македонија и Република Грција, ова прашање да го вброите во редот на нашите приоритети“, му пишува Груевски на Нимиц.

Тој во писмото му излага на посредникот подолга елаборација и историјат на црковниот спор што МПЦ го има со дел од православните цркви, главно со српската и со грчката црква, притоа нагласувајќи ја нивната блискост и солидарност.
Вчера во Владата не го коментираа последното писмо што премиерот му го испратил на Нимиц. Оттаму само кусо изјавуваат дека се надеваат оти Нимиц ќе ги земе предвид барањата и приоритетите на Македонија во потрагата на компромисно решение за спорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *