Македонските војници од четвртата ротација на мировната мисија ИСАФ во Авганистан, се враќаат денес во Македонија.

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ кој учествуваше во мировната мисија на ИСАФ предводена од НАТО во Авганистан, на која ќе присуствува и министерот за одбрана Зоран Коњановски.

Во четвртата ротација на мировната мисија ИСАФ во Кабул, АРМ учествуваше со една механизирана пешадиска чета и тројца штабни офицер. Припадниците на контингентот на АРМ во мисијата предводена од НАТО, нашите шкорпиони, задачите ги извршуваа во рамки на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство и беа во согласност со Меморандумот за техничка соработка.

На свеченоста покрај министерот Коњановски, се очекува да присуствуваат и началникот на генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Зоран Димов, како и претставници на локалната самоуправа.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: