Македонија една од „најжешките“ туристички дестинации во Европа за 2011

Во својата новогодишна програма на Австралиското државно радио посветено на нови туристички дестинации во 2011 година Македонија се спомнува како една од „најжешките“ туристички дестинации во Европа.

 |  Маја Савиќ  | 
ohrid
Ohrid

ohridВо својата новогодишна програма на Австралиското државно радио посветено на нови туристички дестинации во 2011 година Македонија се спомнува како една од „најжешките“ туристички дестинации во Европа.

Во прилогот меѓу другото се вели дека „иако е мала земја која не располага со морско крајбрежје, Македонија сепак може да ги задоволи потребите на скоро сите туристи“.

Во емисијата се нагласува до Македонија,  која се наоѓа во центарот на Балканскиот полуостров во Јужна Европа, се патува многу едноставно. Со авион до двата аеродроми во Скопје и во Охрид или по автопатот Е75 кој се наоѓа во самата средина на земјата и е помалку од 100 километри одалечен од Егејското море.

Новинарот на Австралиското радио предлага австралиските туристи да ја започнат својата турнеја од Скопје нарекувајќи го како град идеален за „шопинг“ и со убав ноќен живот полн со ресторани, трговски центри и ноќни клубови за забава.

Како друга најатрактивна дестинација во Македонија се спомнува „Хераклеа“ во Битола за која вели дека ќе ги врати туристистите назад во самото време но историјата.

Посебен осврт во емисијата беше посветен на македонската кујна која е окарактеризирана како нешто „специјално“.

Во емисијата учествуваше и почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески, кој говореше за културно-историските врски помеѓу Австралија и Македонија, притоа  повикувајќи ги сите австралијци да ја прифатат пораката од оваа емисија и да ја посетат Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top