Categories
Македонија

Македонците не држат лутина

Само во последните десетина дена околу 100.000 македонски туристи заминале на одмор во грчките летувалишта, покажуваат податоците од македонските гранични премини со Грција.

Само во последните десетина дена околу 100.000 македонски туристи заминале на одмор во грчките летувалишта, покажуваат податоците од македонските гранични премини со Грција.

Тоа е за речиси двојно повеќе отколку во јули. Туристичките агенции оценуваат дека зголемувањето на бројот на нашите туристи што одат на летување во Грција е сигурен знак оти кај граѓаните веќе не постои толкава одбојност кон земјата што ја попречи интеграцијата на Македонија во НАТО. Од почетокот на годината македонско-грчката граница ја поминале над 500.000 македонски граѓани.

Тоа е за 18 проценти помалку граѓани отколку во истиот период во минатата година во текот на која границата ја преминале вкупно 947.000 македонски граѓани. Главната причина за ова се намалените цени за летувањето во Грција во постсезоната. Очигледно е дека нашите луѓе сега сакаат да си ги искористат пониските цени што се нудат. Луѓето, по емоционалниот однос во претсезоната, во овој период како главен мотив ја гледаат економската сметка.Повеќе туристички агенции деновиве нудат аранжмани за летување во Грција по цена од 100 евра за 10 или 7 седум дена, со вклучен превоз. Гевгелиските туристички агенции велат дека расположивите аранжмани на нивните агенции во местата Паралија, Неа Врасна, Аспровалта, Олимпијада, Лептокарија се целосно распродадени за август и за септември.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *