Categories
Македонија

Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски

Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски, а затворска казна од 12 години за Јохан Трачуловски.

Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски, а затворска казна од 12 години за Јохан Трачуловски, вклучувајќи го времето поминато во притвор, во врска со случајот „Љуботен”, изрече денеска Судскиот совет на Хашкиот трибунал, предводен од судијата Кевин Паркер.

Според правилата на Трибуналот, Бошкоски ќе може веднаш да го напушти притворот во Шевенинген додека Тарчуловски ќе остане во притворот се до правосилноста на пресудата, по што ќе замине на отслужување на казната во некоја од земјите кои соработуваат и го поддржуваат Судот во Хаг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *