Лиценците за продажба на алкохолни пијалоци што трговците на мало треба да ги поседуваат според најновите измени на Законот за трговија, Министерството за економија ќе почне да ги издава од 1 септември.

Поради големиот број барања што ги очекуваат и краткиот период за нивно обработување, во Министерството велат дека трговците ќе можат од 1 септември да продаваат алкохолни пијалоци и без лиценца, но со поднесено барање за нејзино добивање.
Приемот на барањата за издавање лиценци ќе почне по отворањето на сметката на која ќе се
уплаќаат средствата за издавање лиценца.
Според Законот, лиценцата се издава на две години, а чини 20.000 денари. Со измените трговците треба алкохолните пријалоци да ги издвојат од другите производи за да може да се примени и законската обврска тие да не се продаваат по 19 часот навечер до другиот ден во шест часот.

Со последните измени на Законот, алкохолните пријалоци нема да смеат да се продаваат на бензиските станици, киосците и во објекти во рамки на зелените пазари.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: