Categories
Македонија

Лени Кравиц, на трети август во Македонија и тоа во Охрид

Македонскиот поп-рок-состав „Ареа“ ќе настапи пред светската рок-ѕвезда Лени Кравиц, кој на 3 август ќе одржи концерт на стадионот „Билјанини Извори“.

Македонскиот поп-рок-состав „Ареа“ ќе настапи пред светската рок-ѕвезда Лени Кравиц, кој на 3 август ќе одржи концерт на стадионот „Билјанини Извори“.

Одлуката – кој ќе биде предгрупа на концертот, ја донел лично Кравиц. Спортско- рекреативниот центар „Билјанини извори“ се подготвува за настанот.

На Спортско- рекреативниот центар „Билјанини извори“ се вршат интензивни подготовки за концертот на светската рок- ѕвезда Лени Кравиц, закажан за 3 август. Се уредува теренот, како и трибините на кои ќе седат бројните фанови на оваа музичка ѕвезда.Предгрупа на овој концерт ќе биде македонскиот поп- рок состав „Ареа“.

Одлуката ја донел лично Кравиц, кој речиси секогаш ги избирал изведувачите што свират на неговите концерти. Од Авалон продукција, кои се организатори на концертот, велат дека за позитивен одговор чекале речиси два месеца. На Кравиц му се допаднале испратените материјали на македонската рок група и затоа „Ареа“ ќе има можност за 40-минутен настап со своите најпознати песни.

Инаку, билетите за концертот се во продажба и нивната цена е 1.000 денари, за која од Авалон коментираат дека е најниска цена во рамки на турнејата на Кравиц која опфаќа 100 концерти. Влезниците за ВИП-просторот (за седење) може да се купат за 1.200. а за местото наменето за најверните обожаватели (пред бината), чинат 1.500 денари.
Билети за концертот, во Охрид, може да се набават во „Зи зи Топ“, Кукузел, кафе бар „Табана“ и „Баланс“.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *