Categories
Македонија

„Календар“ најновиот музички проек на Кокан Димушевски

„Календар“ е насловот на најновиот музички проект на клавијатуристот и композиторот Кокан Димушевски, кој наскоро ќе доживее две македонски премиери. 

 „Календар“ е насловот на најновиот музички проект на клавијатуристот и композиторот Кокан Димушевски, кој наскоро ќе доживее две македонски премиери.  

Првата, на 31 јули на затворањето на „Скопско лето“ која ќе се случи во „Сули ан“ во Старата чаршија и втората, на 1 август во предворјето на „Св. Софија“ во Охрид, во рамките на манифестацијата „Охридско лето“. Овој авторски проект на Кокан Димушевски ќе го изведе Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија во состав гудачи, дувачи, вокали, електрични тапани, клавијатури и пијано, под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар. За оркестрациите и аранжманите е задолжен самиот Димушевски, кој ќе биде и дел од изведувачкиот состав.

Подготовките за проектот „Календар“, како што потенцира продуцентот Александар Герасимовски од Музичката младина на Македонија, траат околу две години, но силен е мотивот да се реализира токму годинава, кога МММ го прославува јубилејот – 45 години од постоењето. „Со Кокан Димушевски веќе подолго време се договараме за реализација на овој проект, да го соедини она што тој сака да го искаже преку ова дело со Камерниот оркестар на МММ. Овој оркестар веќе 22 години настапува на фестивалот „Охридско лето“, но со проектот на Димушевски сметаме дека квалитетно ќе го одбележиме јубилејот на МММ. Без некои посебни помпи, без издавање на монографија и сл., но со одлична програма“, вели Герасимовски кој додава дека „Календар“ е дело со мошне интересна звучна структура. „За мене лично, проектот
’Календар’ претставува огромно задоволство, зашто конечно, по две и пол години договори, со сите препреки кои ги поминавме, ќе се случи неговата премиера и тоа токму со оркестарот на МММ. Концертот ќе биде збогатен и со визуелни елементи што ќе му дадат побогата содржина на делото. Се надевам дека сите што ќе присуствуваат на неговите изведби ќе уживаат“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *