Categories
Македонија

Хунзите кои тврдат дека се потомци на Александар Македонски доаѓаат во Македонија

Висока делегација на Хунзите, кои веќе 23 века се сметаат потомци на Александар Македонски, денес ќе ја посетат Македонија. Висока делегација предводена од принцот Газанфар Али Кан со титула Мир и принцезата Рани Атика од народот Хунзи, кои себе си се сметаат за Македонци и потомци на Александар Македонски, факт кој од колено на колено го пренесуваат 23 века, денеска ќе допатува во Македонија.

Принципатот на Хунзите во моментов е во состав на Пакистан, некогашна Персија, а местото каде тие живеат според историските податоци била најисточната точка на кралството на Александар Македонски. Долината на Хунзите се наоѓа на територијата на сверен Пакистан, во близина на градот Гилгит. Се протега на површина од 7 900 километри квадратни, на надморска висина од 2 438 метри. Главен град е Каримабад некогаш наречен Балтит, кој е популарна туристичка дестинација во Пакистан.

Делегацијата, во која се и сестрата на принцот, но и нивен историчар, веднаш откако ќе пристигне во Македонија ќе биде примена од премиерот Никола Груевски, а подоцна и од архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и скопскиот градоначалник Трифун Костовски.
Во Скопје делегацијата ќе се задржи два дена, а потоа во организација на Македонскиот институт за стратегиски истражувања 16.9, на чија покана и доаѓа во Македонија, ќе ги посети Охрид, Битола, Прилеп, Лазарополе, Вевчани, Гари… а ќе има можност на Петровден да присуствува и на познатата Галичка свадба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *