Categories
Македонија

„Грците не можат да ви го сменат идентитетот“ дециден е Ерик Мејер

Европратеникот и известувач на Европскиот парламент за односот меѓу Република Македонија и Европската унија Ерик Мејер очекува Македонија да ги започне прговорите со Унијата во првата половина на наредната година. Европратеникот и известувач на Европскиот парламент за односот меѓу Република Македонија и Европската унија Ерик Мејер очекува Македонија да ги започне прговорите со Унијата во првата половина на наредната година.

– Се надевав дека во првата половина од 2008 година за време на словенечкото претседавање со Унијата ќе биде донесена одлуката за започнување на преговорите меѓу Европската унија и Македонија, но мислам дека предвремените избори ја одложија оваа перспектива особено заради големиот проблем со неприфаќањето на името на Република Македонија од вашиот јужен сосед Грција. Се плашам дека до 1 јануари 2009 година нема да има никави преговори бидејќи претседателот на актуелниот претседавач со Унијата Франција, Никола Саркози, е притив натамошното ширење на Европската унија и дури најави дека треба да престанат преговорите со Хрватска која е многу понапред во преговарачкиот процес, изјави Мејер пред денешната посета на Унијата на независни автономни синдикати на Македонија (УНАСМ).
Тој посочи дека очекува чешкото претседавање со Унијата во првата половина од 2009 година да биде многу поповолно за Македонија од француското.

– Мислам дека изгубивме половина година за време на словенечкото претседавање за да отпочнат преговорите и оти е многу тешко тие да почнат во втората половина на 2008 година. Вториот проблем за отпочнување на преговорите е што грчката влада продолжува да инсистира на промена на вашето име. Тоа на Македонија и остава две можности да го зачува името и да остане надвор од ЕУ и НАТО или да направи консензус со Грција и да влезе во ЕУ и НАТО, што е многу болно за Македонија, но мислам дека во моментов станува реалност бидејќи секоја земја членка има право на вето, а Грција е една од 27-те членки на Унијата, нагласи Мејер.

Според него, грчката влада во ноември минатата година направила прогрес во однос на разликите со името на Македонија и за прв пат рекла „да тие се Македонија исто така, но не се единствената Македонија“.
– Грчката позиција во однос на разликите со името на Македонија од 1992 до минатата година беше дека не прифаќаат ниту едно име во кое ќе биде содржано името Македонија. Во ноември минатата година нивниот министер за надворешни работи истакна дека можат да прифатат дека Република Македонија е дел од Македонија, но не цела Македонија заради што Северна Македонија, Вардарска Македонија и Горна Македонија се прифатливи имиња за Грција, но не и само Македонија бидејќи тоа име ги вклучува и северните грчки провинции околу Солун. Тоа е нивната официјална позиција во моментов, но знеме дека јавното мислење во Северна Грција не прифаќа што предлага грчката влада и се против било какво решение за името на Републкика Македонија во кое ќе се содржи зборот Македонија, појасни Мејер.
Европратеникот и известувач на Европскиот парламент за односот меѓу Република Македонија и Европската унија смета дека новата македонска влада треба да ја искористи оваа промена на позицијата на грчката влада.

– Сложено име во кое ќе се содржи зборот Македонија е предлог за кој треба да зборува новата македонска влада со Грците иако за мене Република Македонија е прифатливо име и јас никогаш не сум го користел името ПЈРМ и секогаш сум велел Македонија, но се плашам дека без договор со Грците нема да направите чекор напред. Не знам дали вашето јавно мислење ќе прифати компромис, но да не се направи ќе значи не влегување во Европската унија бидејќи Грците можат да го блокираат вашето влегување во Унијата толку долго колку што сакаат, а тоа и го прават, исто како што направија и на Самитот на НАТО во Букурешт, рече европратеникот Мејер.

Во врска со проблемот со македонскиот идентитет и јазик, Мејер истакна дека  колку што му е познато Грците се обидуваат да не го користат името на нашиот јазик и на нашиот народ и да не го нарекуваат јазикот македонски, туку јазикот на луѓето во Поранешната југосовенска република Македонија што, според него е „нон сенс“.

– Грците не можат да ви го сменат идентитетот тоа е ваше внатрешно прашање, а не нивно. Тие единствено можат да влијаат на условите под кои вашата земја ќе може да влезе во Европската унија. Грците таму велат дека не можат да прифатат вашата земја да се нарекува Република Македонија и јас мислам дека таква ќе биде грчката позиција за наредните 200 година, но не можат да влијаат на вашиот идентитет и како ќе се нарекува вашиот јазик, нагласи европратеникот Ерик Мејер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *