Categories
Македонија

Министерката Јанкулоска на конференции за безбедност на Западен Балкан

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре ќе учествува на Конференцијата за безбедност на Западен Балкан во рамки на Салзбуршкиот Форум и на Конференцијата за спроведување на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре ќе учествува на Конференцијата за безбедност на Западен Балкан во рамки на Салзбуршкиот Форум и на Конференцијата за спроведување на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на двете конференции, што ќе се одржат во Виена, централна тема ќе биде засилување на меѓусебната полициска соработка за поефикасна борба против прекуграничниот криминал.
На дводневниот форум ќе се разговара за размена на ДНК податоци, превенција од тероризам, безбедни патни биометрички податоци, како и разузнавачко полициско управување кое вклучува договори за проценка на организираниот криминал во Југоисточна Европа, трговија со луѓе и детска порнографија.

Министерката Јанкулоска, која ќе ја одржи првата заедничка средба со останатите потписници на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, ќе го реафирмира ставот дека голем дел од заканите за внатрешната безбедност кои се од регионална природа бараат ист таков, регионален одговор.

Јанкулоска и другите министри се очекува да ги договорат начините за брза и ефективна имплементација на Конвенцијата, која е прв мултилатерален договор што ги опфаќа чувствителните безбедносни прашања меѓу земјите потписнички од регионот на Југоисточна Европа. Целосната имплементација на Конвенцијата се очекува да ја зголеми подготвеноста за имплементација и на условите за интеграција во ЕУ во делот на слобода, безбедност и правда, со оглед на тоа дека таа вклучува и одредени протоколи за полициска соработка опфатени со Шенгенскиот договор.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *