Categories
Македонија

По четириесет и петти пат, денес на верскиот празник Петровден, започнува Галичката свадба

Свадбата, која има вековна традиција поврзана со верскиот празник Петровден, прерасна во туристичка атракција со илјадници посетители.

Во Галичник денеска на верскиот празник Петровден ќе започне традиционалната Галичка свадба. Триесетгодишниот машински инженер Горан Игор Бундалески, со потекло од Галичник, и пет години помладата Дафина Гроздановска, дипломиран економист, се најсреќната двојка од четирите пријавени кои својата десетгодишна врска ќе ја крунисаат со брак на годинешната Галичка свадба.
Дафина и Горан Игор се во врска 10 години и нивната желба отсекогаш била првото свадбено оро да го заиграат на платото пред црквата „Свети Петар и Павле“ во Галичник.
Младенците ќе ги венча нивниот стар кум Златко Анѓелкоски, а со црковната венчавка ќе чиноначалствува надлежниот архиерејски намесник, отец Благоја Спировски.

 

Во рамки на Галичкото културно лето ќе се одржи книжевна колонија, а за празникот Преображение традиционално ќе се одржи ликовна изложба. Оваа година ќе се одбележи и големото национално дело на Георгија Пулевски и 120-годишнината од формирањето на првата македонска книжевна дружина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *