Categories
Македонија

Фиксниот и мобилниот оператор со милионски профит

Вкупно 176 милиони евра собрале Македонски телеком и „Ти-мобајл“ од граѓаните во првите шест месеци од годинава.

Вкупно 176 милиони евра собрале Македонски телеком и „Ти-мобајл“ од граѓаните во првите шест месеци од годинава.

Унгарските сопственици во финансиските извештаи што ги објавија вчера наведуваат дека на мрежата на фиксниот оператор „Мактел“ во првото полугодие годинава граѓаните вкупно за телефон и за интернет потрошиле 85,2 милиони евра, што е пад на приходите од 0,4 проценти во однос на истиот период лани. Профитот пред оданочување на телеком изнесува 34,4 милиони евра, што е за 19 проценти помалку од лани.

Со 91, 7 милиони евра „Ти-мобајл“ пак годинава регистрира зголемување на приходите за 10 проценти во однос на првите шест месеци лани. Прифотот пред оданочување на мобилниот оператор е зголемен за 11,7 проценти и изнесува 51,2 милион евра.

Во извештајот на „Маѓар телеком“ се гледа дека „Ти-мобајл“ во првото полугодие годинава го зголемил бројот на претплатници за околу 250.000 нови корисници во однос на лани. Заклучно со 30 јуни 2008 „Ти-мобајл“ во Македонија имал вкупно 1.251.000 корисници.
Во Македонија „Мактел“ со години ужива монопол во фиксната телефонија. Годинава на пазарот разговори на фиксен телефон почнаа да нудат и „Космофон“ и „Онтел“, но работите се менуваат бавно.

Со повеќе од 1,2 милиони корисници „Ти-мобајл“ држи околу 60 проценти од пазарот во мобилната телефонија во земјава. На глобално ниво, „Маѓар телеком“ во првите 6 месеци годинава, во сите свои подружници низ светот вкупно собрал приходи од една милјарда и 323 милиони евра што е пораст од 2,2 проценти во однос на истиот период лани.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *