Денот на Армијата на Македонија (АРМ) – 18 август, денеска свечено ќе биде одбележан со низа пригодни манифестации.
Денот на Армијата на Македонија (АРМ) – 18 август, денеска свечено ќе биде одбележан со низа пригодни манифестации. Централната свеченост ќе се одржи претпладнево пред зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот (ГШ) на АРМ во присуство на државниот и армискиот врв, владини претставници, пратеници и на дипломатскиот кор во земјата.
Пригоден говор на свеченоста по повод Денот на АРМ треба да има претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски.На свеченоста е предвидена и церемонија на пензионирање и унапредување на генерали на АРМ.