Categories
Македонија

Жозе Мануел Барозо одговори на писмото на Никола Груевски

ЕУ не е компетентна да интервенира при решавањето на спорот за името помеѓу Македонија и Грција. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо во одговорот на писмото на македонскиот премиер Никола Груевски синоќа се изјасни за некомпетентен да интервенира во прашањето на македонското малцинство во Грција, пренесува Франс прес.

„За Комисијата се многу важни почитувањето на човековите права и слободи, но Европската унија не е компетентна да го третира прашања за идентитетот и правата на малцинствата, нивната националност и враќањето на нивната сопственост во земјите членки на Унијата“, пишува Барозо во вчера објавениот текст.

„Тоа зависи од земјата членка која е засегната во спорот и тоа во светлината на уставните и традициите на нејзините меѓународни обврски“, продолжува претседателот на ЕК.
Повикувајќи на дијалог меѓу Грција и Македонија, Барозо подвлекува дека добрите односи со соседите остануваат важни за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ.

Груевски испрати писмо до Барозо и до својот грчки колега Костас Караманлис со тврдењето дека во Грција има македонско малцинство кое треба да биде признато.
Караманлис во одговорот на писмото категорички негираше дека во Грција има или имало македонско малцинство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *