„Само името на Македонија може да биде предмет на преговори и договори со Скопје“, изјави шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани по повод поканата од посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц македонските и грчките претставници во средината на август да разговараат за спорот со името, објавија грчките медиуми.

Бакојани истакна дека може да се преговара „само за името и на кој начин тоа ќе се користи“. Таа по средбата со грчкиот премиер, Костас Караманлис наведе дека „Грција ќе седне на преговарачката маса со истите ставови“.

Дипломатите во Атина оценуваат дека ако македонскиот претставник на разговорите во Њујорк го постави прашањето за признавање на македонското малцинство во Грција „нема да се најдат допирни точки меѓу двете земји за решавање на проблемот со името“.
Нимиц испрати покана до Скопје и до Атина нивните преговарачи да се сретнат во Њујорк на 14 и на 15 август.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: