Во организација на Бордот на европски студенти (БЕСТ) и месечното списание „Моја земја“на почетокот од Октомври годинава ќе се одржи манифестацијата „Ајваријада 2008“.

„Ајваријада 2008“ практично значи промовирање на ајварот како македонски бренд. Со ова ќе се покаже на пошироката јавност дека во Македонија има високо квалитетни производи со специфичен вкус. Во Македонија, традиционално, производството на ајвар е индивидуално за речиси секое семејство.

Три месеци пред Ајваријадата, од Јули до Септември, трае кампањата во рамки на која секое домаќинство може да испрати сопствен рецепт за ајвар. Рецептите ќе се промовираат за време на манифестацијата, а врз основа на само 10 избрани, директно на самото место, ќе се подготвува и ќе се дегустира.

За одржувањето на настанот ФФРМ очекува поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според федерацијата, настанот веројатно ќе биде интересен и за домашните компании.

Предвидено е студентите членки на БЕСТ пред и во рамки на Ајваријадата да го видат целиот процес на приготвување ајвар, од берење пиперки до финалзизирање. Тие ќе имаат можност и да пробуваат македонски вина и сирење.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: