Categories
Македонија

9 Мај – Ден на Европа

Европа денеска го одблежува својот ден – 9 Мај. „Шумановата декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што денеска го знаеме како Европска унија. Македонија упорно работи за да стане нејзин дел.

Европа денеска го одблежува својот ден – 9 Мај. Овој ден заедно со еврото, знамето и химната, го претставуваат политичкиот идентитет на Европската унија. На 9 Мај, 1950 година, Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање на организирана Европа, како опција за одржување на мирот на овој континент. Предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што денеска го знаеме како Европска унија.

Повозрасните охриѓани смтаат дека веќе сме во Европа, додека помладата популација смета дека нема за скоро време да влеземе во ЕУ и НАТО и дека ако влеземе нема да ни се подобри начинот на живеење.

Македонија години наназад се бори да стане член на големото европско семејство. Денот на Европа се користи како добра можност за да се организираат активности и свечености кои ќе придонесат за поголемо приближување на народите во Унијата. Роденденот на Европската унија – 9 мај во Македонија се одбележува со активности преку кои се пренесува пораката на ЕУ до македонските граѓани. Во рамките на „Неделата на Европа“, се потенцира и интеркултурниот дијалог, како еден од вредностите во ЕУ. 9 Мај се празнува и како ден на победата над фашизмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *