Истрагата покажала дека Радески ги искасапил тројцата продавачи на црниот девизен пазар : Трајче Цоцески, Спиро Ставрески и Ракип Рахим. Истрагата и доказите ги потврдуваат сомнежите за серискиот убиец од Охрид. 61 годишниот Лазо Радески стои и зад други убиства, – потврудуваат од оддел за организиран криминал и СВР Охрид. Истрагата покажала дека Радески ги искасапил тројцата продавачи на црниот девизен пазар : Спиро Ставрески, Ракип Рахим и Трајче Цоцески. По убиството на последниот – Цоцески, кое се случи на 12 април годинава, органите на прогонот ги потврдија сомневањата, дека лицето кое што беше осомничено за истото, стои и зад други убиства кои се случија на подрачјето на СВР Охрид.

Одделот за организиран криминал во содејство со СВР Охрид,расветли уште два случаи на убиства и тоа над лицата Спиро Ставревски, пронајден на 18.05.2007 закопан на Славеј планина и Ракип Рахим кој досега се водеше како исчезнато лице.
Утврдено е дека Спиро Ставревски роден 1948 година од Охрид бил убиен на 08.02.2007 година, додека на 29.05.2006 година бил убиен Ракип Рахим роден 1957 година, исто така од Охрид. По прибраните сознанија, деновиве била извршена опширна претрага на теренот каде што постоеле сомненија дека е закопан трупот на Ракип Рахим кој се водеше изминативе две години во евиденцијата на МВР како исчезнат.
Во атарот на село Оровник – Охридско, поточно на еден километар над селото во блиската шума, на 20 метри од локалниот пат, во дол длабок 30-тина метри пронајдени се 28 парчиња човечки коски и парчиња ткаенина кои веројатно потекнуваат од облека, а за кои основано се сомневаме дека се всушност остатоци од Ракип Рахим.
Пронајдените докази со наредба од Истражен судија од основниот суд во Охрид се доставени во Институтот за судска медицина во Скопје каде ќе биде извршена дополнителна експертиза, како и утврдување на ДНА профилот.
Откако новите сознанија и докази му беа предочени на осомничениот, кој од 17-ти минатиот месец се наоѓа во притвор, истиот ги потврди делата и ја посочи наведената локација на која го однел и го закопал телото на Ракип Рахим.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: