Categories
Македонија

Сто и пет години од Илинденското востание и 64 години од Првото заседание на АСНОМ

Двата историски Илиндена – 105 години од Илинденското востание и 64 години од Првото заседание на АСНОМ одбележани се денес во нашава земја.

Двата историски Илиндена – 105 години од Илинденското востание и 64 години од Првото заседание на АСНОМ денеска ќе бидат одбележани со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во кумановско Пелинце.Со полагање цвеќе пред споемникот на Крушевската Република, во Крушево почна централната прослава на двата историски Илиндена – 105 години од Илинденското востание и 64 години од Првото заседание на АСНОМ.

Почит на паднатите бранители им оддадоа претседателот на државата Бранко Црвенковски, парламентарната делагација предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, вицепремиерот за европкси прашања Ивица Боцевски и министрите за култура и за транспорт и врски, Елизабета Канческа – Милевска и Миле Јанакиески.

– „Денеска сме овде да и оддаме почит на славната илинденска генерација која токму овде, пред 105 години, ги постави темелите на Македонија како самостојна држава“, рече Вељаноски во своето пригодно обраќање.

Македонија го чествува Илинден и на Пелинце каде присуствува владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *