Categories
Македонија

Субвенции за земјделците

Државата  го одврза кесето за финансиска помош на земјоделците. Регистрацијата  ќе е единствената можност  да користат  субвенции. Се продолжува рокот за евидентирање на земјоделците во фарм регистерот до септември.

Државата  го одврза кесето за финансиска помош на земјоделците. Регистрацијата  ќе е единствената можност  да користат  субвенции. Се продолжува рокот за евидентирање на земјоделците во фарм регистерот до септември.

Во охридскиот регион  630 семејства се регистрирале дека се земјоделски производители. При тоа  поднеле и барања за субвенции . Нивниот интерес  е голем затоа што годинава државата  го одврза кесето финансиски да им помогне на прозводителите на храна. Зголемен е и интересот на   охридските земјоделци вели портпаролот во ресорното министерство Соња Трајкоска. За земјоделците е продолжен  рокот за евидентирање  во фарм регистерот до септември. Со него  ќе се добие реална бројка кој и колку произведува, а врз тие податоци  ќе се гради аграрната стратегија на државата. Паралелно со регистрирањето на земјоделските површини тече и  поднесувањето на барањата за субвенции.  Регистрацијата  ќе е единствената можност  тие  да користат  финснсиска подршка од државата. Земјоделците ќе добиваат субвенции за нафта по 2000 денари годишно за 1 хектар.  Оваа година за финансирање на земјоделството ќе се одвојат 45 милиони евра.Во Македонија досега аплицирале 80.000 земјоделци ,а по пролонгирањето на терминот до септември од министреството очекуваат уште најмалку 20.000 барања.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *