Започна изградбата на музејот на вода во месноста Градиште. Денес, премиерот Никола Груески го стави камен темелникот на овој музеј кој ќе преставува туристичка атракција бидејќи е едеинствен од ваков вид во светот. Музејот ќе биде составен од два дела ,во едниот дел е објектот изграден на копно каде ќе бидат презентирани сите експонати пронајдени на дното на езерото од периодот пред нашата ера, а другиот дел од музејот ќе биде во вода каде ќе се изградат 7-8 наколни живеалишта поставени на дрвена платформа која ќе ја држат колци.

Премиерот истакна дека уште пред две години овој проект му го презентирал археологот Паско Кузман. ,,Без многу размислување го прифатив бидејќи веднаш ми беше јасно колку е важно истиот да биде реализиран. Претходеше долг период на подготовки но среќен сум што денес можам официјално да соопштам дека изградбата на музејот започнува“, додаде тој.

Во месноста Градиште ќе се направи археолошки комплекс, ќе биде поврзана праисторијата со римскиот период, вели археологот Паско Кузман. На ридот над Градиште веќе се работи на наоѓалиште од римскиот период. Владата за овие проекти од својот буџет издвои 2 милиони евра. Со изградбата на „Музејот на вода“, додава Кузман „овај локалитет ќе добие поинаква димензија. Имаме намера да го развиваме и подводниот туризам, па секој кој што сака ќе може да се нурне во водите на езерото заедно со обучени нуркачи и да ги види тајните што тоа ги крие.“

Инаку подводните систематски археолошки истражувања на овој дел од езерото започнаа уште во 1997 година, по што следуваше снимање на просторот, вадење на материјалите и бележење на колците. Во овие зафати беше вклучен клубот за подводни активности, „Амфора“ од Охрид. Во чест на нуркачот Милутин Секуловски, предводник на нуркачите, подводниот град е наречен Мичов град. Тој гордо вели јас сум единствениот доживотен градоначалник. Секулоски кажува дека на овој локалитет се пронајдени стотина предмети кои сега ќе бидат ставени пред очите на јавноста. Музејот на вода, како што вели Кузман со божја помош треба да биде завршен до 8 декември, денот на патронот на Охрид, Св.Климент Охридски.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: