Categories
Македонија

Охридските матуранти, заедно со врсниците од четириесет европски градови, го прославија крајот на ср

Точно, на пладне, охридските матуранти, истовремено, танцуваа на звуците на Штраусовата композиција Лилјакот. Со тоа, тие, станаа дел од новиот Гинисов рекорд.

Охридските матуранти, заедно со матурантите од четириесет и три европски градови, танцуваа на звуците на Штраусовата композиција „Лилјакот“. На овој начин, тие го одбележаа своето полнолетство и завршувањето на средношколско образование.

Прекрасно е чувството да се учествува на еден ваков настан и да се прослави матурата заедно со останатите врсници од голем број европски градови- рекоа матурантите, кои беа дел од настанот.

Организатор на овој специфичен, интересен и оргинален начин на одбележување на матурата е Школата за модерни танци „УРШКА“ од Љубљана, република Словенија. Охрид, од минатата година, ја има привилегијата да биде дел од европската прослава.
Митре Велјаноски, од охридската Локална самоуправа, потенцира дека на охридскиот плоштад, денес, се случи нешто возвишено. „ Сета таа распеаност, уште повеќе му даде продуховеност на нашиот град“, рече Велјаноски.
Матурантите ги поздрави и градоначалникот Александар Петрески. „Како и минатата, така и оваа година, вие на својот град му подаривте прекрасна манифестација, со која нашиот град, пред сите други во Република Македонија, цврсто чекори по патот на европските интеграции “, рече Петрески.

Покрај во Охрид, денес, во нашата земја, танцуваа и матурантите во Велес, Струмица и Скопје.
Организаторот и годинава, очекува дека повторно ќе биде соборен Гинисовиот рекорд.
Минатогодишниот изнесува 23. 628 натпреварувачи, а се очекува годинава бројката да биде надмината со учеството на над триесет илјади натпреварувачи.

Танцот „Квадрил“ прв пат јавно беше изведен од словенечките средношколци во 2001 година. Од тогаш, ним им се придружија матуранти од уште пет европски земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *