Грижата и чувањето на менталното и физичкото здравје на најмладите и понатаму општествен и институционален приоритет. Семејството и училиштето играат важна улога во намалувањето на болестите на зависност- велат стручните лица. Со таа цел, започна едукација на стручните лица во образованието за тие да знаат како да влијаат врз спречувањето или намалувањето на ваквите појави.

 Координативното тело за Превенција од болестите на зависности, започна обука на стручните лица во образованието. Целта е тие да се едуцираат како да влијаат врз намалување на различните зависности, кои се сепоприсутни меѓу младите. Д- р Љупчо Кеверески, Претседател на телото за превенција од болести на зависности, објаснува: „ Стручните лица во училиштата работаат според програма за превенција, но проблемот е да се направи интерактивен конзистентен систем во кој се имплементираат активности на повеќе субјекти. Нашата цел е да го подигнеме нивото на превенција, особено во рамки на семејството и училиштето кои имаат значајна улога во спречувањето на ваквите појави “ – вели Кеверески. „ Треба најповеќе да се влијае да се динамизираат активностите во семејството, училиштето. Превенцијата е неопходно да се подигне на едно повисоко ниво.“

Координативното тело за Превенција од болестите на зависност ќе продолжи со организирање на вакви обуки кои ќе траат до месец јуни.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: