Categories
Македонија

Дали Охрид ќе стане европски туристички центар

Охрид ги има сите предуслови да стане европски туристички центар, само треба сериозно да се пристапи кон решавање на проблемите кои го кочат неговиот развој, ова е мислењето на туристичките работници во градов. Тие од идните политичари бараат конкретни чекори.

Туризмот е најголемата и најмоќната индустрија во светот, но кај нас не му се дава големо значење,рече Лилјана Попоска претседателката на Дом на вчерачната средба со туристичките работници од градов. Таа кажа дека за Македонија, а особено за Охрид, треба приоритет да биде развојот на оваа гранка, а за тоа неминовно е што побрзо да се изработи стратегијата за туризам. Со неа ќе се опфатат сите сегменти кои придонесуваат за негов развој.

Попоска потенцираше дека минатава година од министерството за економија многу малку средства биле издвоени за туристичка промоција. На саемите низ Европа туристичките работници се претставувале со сопствени средства. И покрај тоа  во Белград и Нови Сад, Македонија била наградена како најдобро промовирана земја. Министерот за надворешни работи, Антонијо Милошоски рече дека акцент треба да се стави на образованието и создавањето  стручен кадар, кој во работењето ќе ги кориси искуствата од странските туристички земји. Како многу важен сегмент за развојот на туризмот, Милошоски го потенцираше отварањето на агенцијата за туризам кое според него  ќе се случи многу брзо.

Туристичките работници од градов посочија дека секојдневно се соочуваат со голем број проблеми кои го кочат развојот на туризмот во Охрид. Доколку тие би се решиле Охрид има големи шанси да стане европски туристички центар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *