Македонија треба да работи на што побрзо решавање на спорот со Грција околу името, затоа што само така ќе се решат и економските проблеми меѓу двете земји – сметаат грчките новинари кои деновиве известуваа од Самитот на претседатели.
Тие изразија жалење што политиката длабоко навлегла и во сферата на економската размена меѓу двете земји.  
Ѓоргиос Грегоријатис, новинар од ТВ Антена – Грција изјави: проблемите со прелетите на авионите се од многу поодамна. Тоа е договор кој е постигнат со државната грчка авио- компанија Олимпик, која едноставно си ги штити интересите на самата компанија. Проблемот е поради заштита на авионскиот превоз, а не поради името. А, проблемите за кои деновиве слушаме во медиумите, како што е забраната за вашите студенти да доаѓаат во Грција, банкарските проблеми при испраќањето на пари, за жал влегуваат во политичка сфера и тоа е најголемиот проблем- што политиката се меша во економијата. Затоа, велам, што побрзо мора да се реши сето тоа.

Во интерес на вистината, ние како професионалци, сме обврзани реално и непристрасно да известуваме за актуелните настани меѓу двете земји- вели новинарот од најолемата грчка национална телевизија. Иако звучи неверојатно, ние во прв план ги ставаме убавите вести од вашата земја, а потоа информираме за проблемите и инцидентите, како оној последниот со свастиката на билбордот на уметникот Ботев- рече Грегоријатис.
Најголемиот број меѓународни новинари кои известуваа од Самитот на претседатели, изразија безрезервна подршка на Македонија за спорот со Грција. Според уредникот на познатата национална ТВ од Босна и херцеговина, Саша Илиќ, Македонија со години е жртва на уцена од грчка страна. Грците се тврдоглави и не поттикнуваат дијалог и соживот, што значи- нивното однесување воопшто не е европско. Според него, Грција се однесува арогантно, но многу фактори и одат во прилог. Долго е членка на ЕУ и НАТО и затоа беше извесно дека ќе го искористи тој свој аргумент, тоа свое право. За жал, Македонија не е во процес на интеграција и не е членка и затоа не може како Грција да влијае на некои одлуки. Мислам дека Македонија без потреба сето ова време е изложена на едно уценување- рече Грегоријатис.
Слично е и мислењето на колегите од турската национална телевизија. Сихана Реџеп, од Национална ТВ ТРТ- Турција вели: Нашиот претседател го подржува вашиот претседател во врска со ова прашање. Турскиот претседател, Абдула Ѓул, секаде вели дека Македонија е во право. Секогаш ја подржува оваа земја.   
И покрај различните мислења за македонско- грчкиот спор со името, новинарите се согласија- самитот протече без поголеми пропусти, што според нив, е заслуга на организацијата, но и љубезноста на домаќините.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: