Categories
Македонија

Атак на македонскиот национален идентитет

Историски Алманах што има за цел да го докаже бугарскиот карактер на Македонија ќе биде претставен пред европските институции во Брисел на крајот од Jуни.

Алманахот под наслов „Македонија“ што денеска беше претставен во бугарското Собрание е во издание на бугарската политичка партија ВМРО, по повод 115 години од формирањето на Внатрешната македонската револуционерна организација и 105 години од Илинденското востание.
„Книгата ќе го докажува бугарскиот карактер на Македонија“, изјави лидерот на партијата ВМРО Красимир Каракачанов.
Тој додаде дека книгата била претставена и во Република Македонија и притоа немало никакви негативни реакции и провокации. Токму за ова денес во Струга, беше прашан и министерот за надворешни работи- Антонио Милошоски.

“Не сум го видел тоа издание но во принцип не би им давал големо внимание на луѓе кои не го заслужуваат вниманието на македонците.“- рече Милошоски.

Довчерашниот министер, кој го водеше ресорот- надворешна политика зборуваше и за макеоднско – грчкиот спор околу името и преговорите кои се водат помеѓу Скопје и Атина.

“ Во овие моменти – вели Милошоски, имаме чувство дека кај другата страна не постои расположение, односно дека се има еден ретрограден став, неконструктивен, кој не оди во прилог на достигнување на разумно решение.“

Македонија, заедно со своите пријатели во меѓународната заедница, – вели Милошоски, наскоро ке има можност уште еднаш да се обиде да ја добие поканата за членство во НАТО. Без да го коментира деветти јули како последен датум до кога треба да се реши проблемот со нашето уставно име, како услов за влез на Македонја во Нато, Милошоски кусо и оптимистички најави дека Македонија ќе ги оствари своите националните цели.

Милошоски, кој е носител на кандидатската листа за петтата изборна единица од редовите на ВМРО ДПМНЕ, ги кометираше и инцидентите кои се случуваат во овој изборен период.

“Доколку се тоа поединци кои ќе ги поднесат саннкциите за ваквите инциденти тогаш сметам дека штетата ќе биде помала но доколку е нешто смислено, сметам дека угледот на РМ дека може да биде земен како заложник. Затоа институциите ќе ги вложат сите напори секој еден кој што се огрешил пред законот и е сторилтел на вакви инциденти да ја добие заслужената казна“- потенцира носителот на кандидатската листа за петтата изборна единица.

Милошоски со апел до македонските граѓани, – да се воздржат од злоупотреба на изборниот процес, а преставниците на албанските партии да ја покажат својата демократска зрелост.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *