Post Views: 0 Македонскиот претседател Бранко Црвенковски од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Италија. Во рамки на посетата, како што е соопштено од Кабинетот на претседателот, Црвенковски ќе се сретне со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано. Во петок македонскиот претседател ќе биде примен на ауденција кај папата Бенедикт XVI, а ќе се сретне и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Тарцисио Бертоне. {loadposition content9}
Post Views: 0 Апелациониот суд во Бреша, Италија ,ја променал првостепената пресуда и го осудил INAIL (Национален завод за инвалидитет и несреќи на работно место) да плати оштета на 57-годишниот Иноценте Марколини, кој се здобил со 80% инвалидност после две операции на тумор на нервот Trigeminus на лицето.Марколини имал ужасни болки поради кои подолго време примал морфиум. Судот го прифатил тврдењето на Марколини дека на работното место од 1991 година до 2003 година, по 5-6 часа дневно разговарал на мобилен телефон. Покрај тоа била прифатена за меродавна и студијата на шведскиот професор...
Post Views: 1 Европскиот парламент(ЕП) денеска ќе расправа за загрозувањето на слободата на медиумите во Италија.Одлуката на ЕП беше донесена и покрај противењето на пратениците на десницата, а две политички групи побараа усвојување на европски закон со кој би се заштитил плурализмот на медиумите. Пратениците на десницата, кои ја сочинуваат најголемата група во Европскиот парламент, вчера претрпеа два пораза. Најпрво, европарламентарците го отфрлија барањето на десницата да не се одржи расправа за слободата на медиумите во Италија планирана за денеска. Потоа, пратениците од редовите...
Post Views: 0 Најмалку 30 луѓе, меѓу кои и две деца го загубија животот, а 36 се повредени во експлозијата до која дојде по синоќешното излетување од шините на железничката композиција составена од 14 вагони-цистерни со течен гас на северот на Италија, јавија утрово италијанските медиуми.До несреќата дошло кај градот Виареџо, кога пет вагони на товарната композиција излетале од шините, а две цистерни со течен гас експлодирале, предизвикувајќи голем пожар кој ги зафатил блиските куќи. Пет лица го загубиле животот во една од двете згради кои се урнале откако вагоните удриле во нив,...
Post Views: 0 Италијанците и денеска излегуваат на избирачките места за да гласаат на референдум за изборниот закон, и на вториот круг локални избори, на кои левицата се надева на подобар резултат отколку во првиот круг. Одзивот на двете гласања, кои почнаа вчера, најверојатно ќе биде слаб, бидејќи изборите се одржуваат по скандалот во кој е вмешан премиерот Силвио Берлускони, и зголемена незаинтересираност на бирачите за политиката. Гласачките места ќе бидат затворени попладне. Првиот круг од делумните локални избори, кои се одржуваат во повеќе од половината општини и покраини, беше...
Post Views: 7 Четири лица се удавија, а едно исчезна во морето, откако силна бура ја зафати денеска Италија, јави агенцијата АНСА. Две од жртвите, маж и жена, се удавиле во одделни несреќни случаи во градот Лече, на југот на Италија. Во невремето настрадале уште две жени, и двете од Молдова, додека се обидувале да ги спасат своите децата, кои се капеле близу Венеција. {loadposition content9}
Post Views: 2 Потрагата по преживеаните по катастрофалниот земјотрес кој минатиот понеделник го погоди централниот дел на Италија, е завршена денеска, а билансот на загинатите достигна 294 лица. Последната жртва на потресот е 59-годишен маж кој за време на викендот починал во болница.До вчераутро се пронајдени телата на сите исчезнати лица, но официјални претставници наведуваат дека не можат да ја исклучат можноста дека ќе бидат пронајдени уште загинати во урнатините на градот Аквила и другите погодени градови.Илјадници луѓе кои останаа без своите домови вчера велигденската миса ја...
Post Views: 4 Групен државен погреб на жртвите од земјотресот што вo понеделникот ја погоди централна Италија ќе се одржи денеска, а во земјата е прогласен и национален ден на жалост. Според најновите информации, билансот на жртвите во катастрофалниот земјотрес се приближува до 300 луѓе, од кои најмалку 16 се деца. Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано вчера ја посети Аквила, главниот град на областа Абруцо, која што е најтешко погодена од земјотресот, а италијанските медиуми јавуваат дека избледува надежта за пронаоѓање на уште преживеани под урнатините. Од 20 до 30 луѓе сè...
Post Views: 1 Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Италија се искачи на 235 лица, според податоците на Цивилната одбрана, соопштени доцна синоќа. Претходно, болнички извори во најпогоденото гратче Аквила соопштија за 228 загинати. Во земјотресот загинаа и најмалку пет македонски државјани, меѓу кои две деца. Бројот на повредени е околу 1,000, а без покрив над главата се околу 17,000 лица. Централна Италија во понеделникот ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, а во подрачјето до вторникот беа регистрирани уште најмалку...
Post Views: 0 Најмалку 179 загинати и нови 34 исчезнати е последниот биланс од земјотресот во Италија, објавен изутрината, соопштија спасувачките служби во градот Аквила. Бројот на повредени е околу 1.500 лица, а се уште не се идентификувани 40 жртви, пренесоа италијанските гласила Две тела се извлечени од урнатините рано изутрина, во малото село Она недалеку од Аквила, едно од најтешко погодените места. Според најновите податоци, без покрив на главата останале 50 илјади жители на Аквила и околината. Службата на цивилна заштита, засега, за неупотребливи прогласи 10 илјади домови...
Post Views: 2 Стотици лица загинаа во Фоса, во близина на Аквила, престолнина на областа Абруцо во централна Италија, каде синоќа беше регистриран силен земјотрес, објавија италијанските медиуми. Земјотресот со интензитет од 6,3 според Рихтер го потресе овој дел на Италија нешто по три часот по полноќ, уривајќи згради во историскиот центар на Аквила. Едно одморалиште за деца во Аквила, каде живеат 60.000 жители, делумно се урнало.Жителите од овој град и од многубројните планински села во регионот во паника излегле на улиците.Според соопштението на италијанската Служба за цивилна заштита,...
Post Views: 1 Во Италија конечно беше укината смртната казна. Двата дома на италијанскиот Парламент ја одобрија ратификацијата од Италија на Протоколот 13 при Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, со кои се укинува смртната казна. Италија го ратификуваше документот уште во мај 2002 година. Во италијанскиот Службен весник беше објавена одлуката на двата парламентарни дома, со што официјално се наведува дека во Италија повеќе нема смртна казна.Процедурата беше поздравена од генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис, кој потсети дека Италија е 41-та...