Ознака: Albanija

hotel

Македонски бизнисмени купуваат

Post Views: 0 Се повеќе македонски бизнисмени се решаваат да инвестираат во соседна Албанија. Најпогодни места за вложување на капиталот се примамливите Драч, Саранда и Валона каде македонски државјани, главно Албанци од Струга, Тетово, Гостивар и Дебар градат станбени згради, отвораат преработувачки капацитети, а особено купуваат деловен простор за отворање на ресторани, кафетерии, пицерии, слаткарници и слично. Стопанската комора на Албанија излезе со слободна проценка дека во последниве пет-шест години во Албанија е инвестиран 800 милиони евра македонски капитал. Оттаму тврдат...

Continue reading

svinji

Извоз на свињи во Албанија од Македонија

Post Views: 1 Групацијата Жито Вардар информираше дека деновиве ги извезе првите 220 свињи во соседна Албанија. Компанијата, како што соопшти вчера, има амбициозни планови за пласман на производите на албанскиот и црногорскиот пазар. Жи-Ва е веќе добро познат бренд за месо во Србија. Во првото полугодие на 2009 беа извезени преку 600 тони свинско месо во вредност од преку 1,2 милиони евра. “Нашето производство на свинско месо покрива над 60% од потребите за свежо месо во Македонија. Се стремиме кон развој и проширување на странските пазари и очекуваме извоз од над три милиони евра...

Continue reading

George Ivanov

Претседателот Иванов на неформална регионална средба во Албанија

Post Views: 10 Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе отпатува во албанскиот град Валона на неформалната средба со неговите колеги од Албанија, Косово и Црна Гора, Бамир Топи, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ. Дводневната средба се одржува на покана на албанскиот претседател Топи и според најавата од неговиот Кабинет, таа е во функција на продлабочување на регионалната соработка. Според Кабинетот на албанскиот претседател, четворицата шефови на држави на средбата ќе разговараат за „билатералните односи, регионалната соработка  и за перспективите за  развој во насока на заедничката...

Continue reading

karta

Меѓугранична соработка Македонија-Албанија

Post Views: 1 Програма за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, финансирана од Европската унија (ЕУ), денеска официјално започнува, соопштено е во Скопје. Целта на Програмата е промоција на одржлив развој во меѓуграничниот регион меѓу двете држави и подобрување на социјалната и економска ситуација на популацијата. Програмата, што промовира и партнерство меѓу локалните заедници, цивилното општество и бизнисот, е финансирана од ИПА фондовите со буџет од 680 илјади евра. Според најавите, на промоцијата ќе присуствуваат евроамбасадорот Ерван Фуере и министерот за локална...

Continue reading

Zoran Konjanoski

Во Охрид средба на министрите за одбрана на Македонија и на Албанија

Post Views: 1 Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Зоран Коњановски и Газменд Окета во Охрид ќе имаат неформална средба во функција на развој и зајакнување на билатералната и регионална соработка. На средбата, како што е најавено, министрите Коњановски и Окета ќе разменат мислења за актуелните случувања во регионот, но и ќе продискутираат на теми од взаемен интерес. Се очекува на средбата да учествува и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, заменик – началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, државниот секретар...

Continue reading

Majka Tereza

Индија не ги дава моштите на Мајка Тереза

Post Views: 2 Индиската јавност е згрозена од барањето на Албанија за префрлање на моштите на хуманистката Мајка Тереза од Индија во Албанија. Албанската агенција Балканвеб пренесува дека индиската Влада, но и академици и претставници на Мисиите на хуманоста, го оценуваат албанското барање како срамно. Високи функционери на индиската Влада, како што пренесува истата агенција, велат дека и покрај тоа што досега не е пристигнато официјално барање, тоа ќе биде неприфатливо за Индија. Хуманитарната Мисија на Мајка Тереза во Индија наведува дека Албанија не ја прифати Мајка Тереза во времето...

Continue reading

Majka Teresa

Албанија ги побара моштите на Мајка Тереза

Post Views: 3 Официјална Тирана започнала активности за земање на моштите на Мајка Тереза од Индија во Албанија. Ова, како што јави дописникот на макфакс, го соопшти албанскиот премиер Сали Бериша.Добитничката на нобеловата награда за мир Мајка Тереза е родена во Скопје.Инаку албанскиот премиер соопшти дека од Париз во Тирана наскоро ќе бидат пренесени моштите на албанскиот крал Ахмед Зогу, со што тој целосно се рехабилитира како „архитект на модерната албанска држава“. Бериша најави и дека ќе ги бара посмртните останки на Фан Ноли, позната политичка фигура во Албанија, погребана...

Continue reading

ocenka

Парламентарните избори во Албанија не ги исполнија стандардите

Post Views: 5 Парламентарните избори што во Албанија се одржаа кон крајот на јуни, имаа прогрес, но не ги исполнија највисоките стандарди. Ова е оценката на набљудувачката мисија на ОБСЕ, објавена во завршниот извештај за изборите во Албанија. Прогрес е забележан во однос на евидентирање на гласачкото тело, процесот на идентификација на избирачите, законската регулатива и денот на гласањето. Но сепак забележана е и политизација на изборниот процес, блокирање на броењето на гласовите во неколку изборни зони и слично. Во извештајот се наведува и дека не се евидентирани манипулации со...

Continue reading

magistralen pat

Албанската патна инфраструктура го зема данокот во крв

Post Views: 5 Само во изминатите два дена  регистрирани се десеттина сообраќајни несреќи, во кои животите ги загубија седум лица, а повеќемина се полесно или потешко повредени. Во сообраќјна несреќа на патот Лежа-Скадар, синоќа загинаа две лица на возраст од 27 и 30 години, кои се враќале од свадба. Тие, при обид да претекнат неколку возила пред нив, со автомобил марка BMW со странски регистарски таблички, со голема брзина удриле во камион што доаѓал од спротивниот правец. Во средата, на патниот правец Драч-Каваја, во судар на цистерна која превезувала вода и автомобил марка „Голф“,...

Continue reading

Pogradec

Албанија ќе инвестира 800 милиони евра во туризмот

Post Views: 0 Весниците во Тирана денеска пишуваат дека Албанија има намера да инвестира многу пари во туризмот, а тоа посебно се однесува на развојот на овој сектор на Охридското езеро. Весникот „Шекули“ го цитира премиерот Сали Бериша, кој најави дека инвестиции од над 800 милиони евра ќе го претворат Поградец и албанскиот брег на Охридското езеро во забележителен туристички центар. -Средствата ќе се суфинансираат и од Германија, наведе албанскиот премиер. Туристичките објекти се вклучени во програмата „Еколошко зачувување на Охридското езеро“, објасни уште Бериша и додаде дека...

Continue reading

Berisha i Karamanlis

Костас Kараманлис во посета на Албанија

Post Views: 11 Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска ќе пристигне во посета на Тирана на средби со официјални албански претставници. Според најавите, Карманлис ќе се сретне со премиерот на Албанија Сали Бериша, а на агендата се и средби со албанскиот претседател Бамир Топи, како и со претседателката на Собранието Јозефина Топали. Предвидено е грчкиот премиер, во текот на еднодневниот престој, да има состанок и со опозициониот лидер и претседател на Социјалистите Еди Рама, и со претседателот на Православната црква Анастас. Тој ќе има и свое обраќање во албанскиот Парламент. Протести...

Continue reading

centrala

Наздравје да ни е! Нуклеарна централа ке никне во близина на Скадар!

Post Views: 1 Премиерите на Албанија и на Хрватска би требало кон крајот од месецов да потпишат спогодба за изградба на заедничка нуклеарна електрана во близина на Скадар, пишуваат црногорските медиуми. Централата, според истите извори, ќе чини околу четири милијарди евра, а нејзиниот капацитет ќе биде околу 1.500 мегавати. Изградбата ќе ја изведува “Хрватското електростопанство“, а поголемиот дел од произведената енергија ќе се доставува во Хрватска, наведуваат гласилата. Официјална Подгорица соопшти дека не добила понуда да учествува во проектот за изградба на атомска централа на...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top