Села не можел да го легализира казиното на Мијалков во „Мериот“

Во веста со тенденциозен наслов: „Села го легализира казиното на Мијалков во Мериот“ која ја рецензираме се тврди дека лидерот на Алијансата за албанците, Зијадин Села, го легализирал казиното на Сашо Мијалков.

 |  vistinomer.mk  | 

Пишува: Шефкије Аласани

Во веста со тенденциозен наслов: „Села го легализира казиното на Мијалков во Мериот“ која ја рецензираме се тврди дека лидерот на Алијансата за албанците, Зијадин Села, го легализирал казиното на Сашо Мијалков.

И покрај фактот што овој текст не исполнува ниту еден новинарски стандард и се коси со многу принципи од Етичкиот Кодекс на новинарите, тој е објавен во многу информативни портали на албански јазик.

Јасно се гледа дека насловот кој е употребен за овој напис има тенденција да манипулира со јавноста. Како прво, лидерот на АА нема никаква државна функција кој му дава власт да легализира било што. Второ, комбинацијата на двете слики без никаква логика не го прави написот веродостоен.

Во овој случај, комбинирањето на сликите на Хотел Мериот и на една слика на собир пред обложувалница, не е факт кој може да се употреби за носење на заклучоци. Авторот на написот својата инспирација ја добил од изјавата на Зиадин Села за игрите на среќа. Што се однесува до ова прашање, Села изјавил:

    Ние ветуваме дека со нас на власт игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотелите со пет ѕвезди, игрите на среќа ќе бидат надвор од населените места, и второ, тие нема да бидат достапни за секого и ова ќе го спречи овој девијантен феномен.

Поскандалозно од насловот е содржината на написот. Преполн со правописни грешки, написот почнува вака:

    Лидерот на Алијансата за Албанците на една предизборна средба во дискусија во врска со феноменот на игрите на среќа рече дека тие ќе бидат дозволени само во хотелите со пет ѕвезди. Но, лидерот на опозициската АА го легализирал казиното на Сашо Мијалков во хотелот „Мериот“, затоа што тие ги исполнуваат сите услови кои ги набројал Села, односно затоа што токму „Мериот“ е хотел со пет ѕвезди и има казино.

Анонимниот „новинар“ на овој текст, всушност ја коментира  предизборната средба на една партија, па дури и обвинува за дејствија кои не се случиле. Ова се коси со член 13 од Етичкиот Кодекс на новинарите, каде што пишува:

    Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Во вториот пасус на нималку професионален начин новинарот коментира за локацијата во која лидерот на Алијансата за Албанците одбрал да одржи предизборна средба. Без да презентира ниту еден факт или извор, новинарот доаѓа до заклучок дека на социјалните мрежи вирално се шири сликата на местото каде што е одржана средбата. Написот завршува со реченицата:

    Да ве потсетиме дека овие денови беше видена една слика на Арбен Таравари како ужива во едно казино.

Ова прашање пред неколку денови беше разјаснето од Вистиномер. Рецензијата со наслов „Една слика во Хотел „Казино“ не значи поддршка за објектите за игри на среќа”, го објаснува феноменот на комбинирање на две лаги за да се добие една што поверодостојна вест.

За време на предизборна кампања во земјава, сите медиумски платформи треба да се придржуваат кон член 14 од Етичкиот Кодекс на новинарите:

    Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.

Авторските права се отстапени  за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top