Изјава што Николовски не ја дал – ,,накалемена” во наслов

Во написот „Љупчо Николовски: После 15 ти кога ќе изгубиме ќе станам тезгар како мојот шеф Зоран Заев’’ се врши обид за дискредитација на личност која е дирекнто вклучена во парламентарните избори. Без ниту еден извор, изјава или став, авторот на текстот користи само фотографии и констатации а со дадениот наслов се добива впечаток дека станува збор за лично дадена изјава од екс министерот Николовски и кандидат за пратеник.

 |  vistinomer.mk  | 

Пишува Ване Трајков

Иако во текстот тврди дека станува збор за ,,парадоија во британски стил’’ сепак новинарот не смее да дава погрешна слика кај читателите и да ги извртува фактите. Прашање е колкав дел од читателите воопшто ќе дојдат до делот каде се објаснува ,,дека станува збор за пародија”.

Имено станува збор за Фејсбук статус на екс министерот Љупчо Николовски кој патем е и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 од коалицијата ,,Можеме’’. Во рамките на предизборната кампања тој бил во посета и остварил средби со граѓаните на општина Чешиново –Облешево каде ја презентирал изборната програма, но никаде не споменува таква изјава како што е прикажана во текстот кој е предмет на рецензија.

,, Ме радуваат оптимизмот и вербата на граѓаните во Чешиново Облешево. Бев на пазарот, сретнав трговци, купувачи, ненамерни минувачи. Велат треба уште да се работи, ни треба подобар стандард, но далеку е подобро од тоа што беше пред три години. Не може ни да се спореди ’’ напиша Николовски на Фејсбук каде постирал и повеќе фотографии

Со вака објавениот текст полн со непоткрепени констатации, направен е обид да се постави погрешна слика за предизборните активности на кандидат за пратеник, што е спротивно од Кодексот на новинари. Не само што не е објавена точна и проверена информација, туку не е негувана културата на говорот, ниту пак етиката, еден од постулатите на новинарскиот кодекс.

Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.

Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top